Извозот на бадеми во светот минатата година достигна вредност од 6,54 милијарди долари, што е за 12,1% помалку во споредба со 2019 година.
САД се најголем извозник на бадеми во светот, бидејќи покрива 69% од вкупниот извоз, а тоа им донесе 4,5 милијарди долари.
Меѓу најголемите извозници на бадеми на глобално ниво, во 2020 година беа и: Шпанија (705 милиони долари), Австралија (388,9 милиони долари), Германија (148,3 милиони долари) и Холандија (145,7 милиони долари).
Овие топ пет извозници, според податоците на World’s top exports, покриваат 90,2% од извозот во светот.
Фото: Pixabay