Скромен раст на побарувачката на нови автомобили во ЕУ

87

Побарувачката за нови автомобили во Европската унија во јуни има скромен раст во споредба со мај, одразувајќи го попуштањето на рестриктивните мерки што беа воведени минатото лето.

Побарувачката за нови автомобили во ЕУ во јуни се зголеми за 10,4% во споредба со истиот период лани, со регистрирани околу милион нови возила, покажуваат податоците на Европското здружение на производители на автомобили. Во мај порастот беше 53,4%.

Значително поскромен раст во јуни е последица од попуштање на рестриктивните мерки во истиот период лани, по строгиот карантин во мај.

Меѓу водечките, најголем пораст на продажбата има во Германија, за една четвртина во однос на јуни минатата година. Потоа следат Шпанија со 17,1% и Италија со 12,6%.

Франција е единствена во тој дел што има пад на побарувачката од 14,7%.

Во првата половина од оваа година, побарувачката за нови автомобили во ЕУ беше за една четвртина поголема одошто во истиот период лани, со скоро 5,4 милиони регистрации.

Фото: Pixabay