Zoom купува компанија за 14,7 милијарди долари

73

Платформата за видео состаноци, Zoom објави дека ја купува компанијата Five9, којашто е провајдер за контакт центри во облак, за што ќе одвои 14,7 милијарди долари.

Ова е прва аквизиција на Zoom, во рамки на неговите подготовки за постпандемискиот период кога вработените треба да се вратат во канцеларија и втора најголема во американскиот технолошки сектор за оваа година, веднаш за Microsoft којшто ja купи Nuance Communications за 16 милијарди долари.

Пазарната капитализација на Five9 во петокот на затворање на Њујоршката берза достигна 11,9 милијарди долари или 177,60 долари по акција, пренесува CNBC.

Zoom е меѓу 16-те најуспешни брзорастечки компании во изминатите 16 месеци, откако пандемијата ги принуди работодавачите ширум светот да ги затворат канцелариите и да работат од дома.

По скок на приходите од 326% минатата година, Zoom се соочува со природно забавување бидејќи компаниите повторно ги отвораат канцелариите и повторно се организираат состаноци “лице в лице“.

Фото: Pixabay