Просечната месечна нето плата во Босна и Херцеговина во мај оваа година изнесуваше 501 евро и номинално е пониска за 0,7% во однос на декември лани.
Просечната мајска нето плата во споредба со истиот период лани номинално е повисока за 4,4%, пренесуваат тамошните медиуми.
Најголемата просечна нето плата е во финансиска и осигурителна дејност од 799 евра, во производство и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (757 евра) и во информатика и комуникации (736 евра).
Најниски плати имаат работници во дејности за сместување и подготовка и послужување на храна (298 евра).
Фото: Pexels