Кина најави уште една аукција на државни резерви на алуминиум, бакар и цинк, втора овој месец, за да го запре растот на цените на суровините поттикнат од зголемената побарувачка во процесот на закрепнување од пандемијата.
Државната управа за храна и стратешки резерви, објави дека на 29-ти јули ќе продаде 30.000 тони бакар, 90.000 тони алуминиум и 50.000 тони цинк.
Управата на почетокот на месецот продаде 20.000 тони бакар, 50.000 тони алуминиум и 30.000 тони цинк за да го запре силниот раст на цените на суровините.
Цените на аукцијата беа за три до 9% пониски од оние на пазарот, а интерес покажаа над 200 производители на метал.
Оваа година цените на бакарот во терминските договори на Шангајската берза на метали надминаа 15,6%, алуминиумот поскапе за 23,2%, а цинкот за 7,1%.
Фото: Pexels