Американскиот производител на лекови, Johnson&Johnson очекува приходи од 2,5 милијарди долари од вакцини против коронавирусот.
Вкупните приходи оваа година би требало да се движат од 91,3 до 92,1 милијарди долари, а во најголем дел свој удел ќе има зголемената продажба на медицински уреди и зголемена побарувачка за лекови.
Кога на приходите ќе се додаде и заработката од вакцините, се проценува дека приходите ќе се зголемат од 93,8 до 94,6 милијарди долари.
Компанијата во второто тримесечје ги зголеми приходите за 27% на 23,3 милијарди долари, а нето добивката порасна за 73% на 6,3 милијарди долари.
J&J очекува оваа година да произведе меѓу 500 и 600 милиони дози од вакцината.
Неговиот конкурент Pfizer очекува 26 милијарди долари приходи од вакцини оваа година, а Moderna 19,2 милијарди долари. Нивните вакцини во САД се одобрени лани, а вакцината на J&J оваа година.
И Pfizer и Moderna планираат заработка на вакцините, додека Johnson & Johnson соопшти дека вакцината ќе ја направи достапна на непрофитна основа во текот на пандемијата.
Фото: Facebook