Пелистерка за шест месеци прокнижи добивка од 21,2 милиони денари

53

Пелистерка во првото полугодие од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 21.295.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 10.067.000 денари.

Заклучно со 30-ти јуни оваа година, вкупните приходи од продажба изнесуваат 159.915.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 136.812.000 денари, додека на странски пазари се 23.103.000 денари.

“Има зголемување на приходите од основна дејност којшто се должи на стагнирање на пандемијата, извозот е зголемен, а зголемени се и финансиските приходи. Финансискиот резултат во споредба со минатата година е зголемен за 31,36 милиони денари“, стои во Образложението.

Фото: Pexels