Kои се најлошите технологии измислени од човекот?

54

Во анкетата што беше спроведена од страна на магазинот Wired, испитаниците одговараа на прашањето “Кои се најлошите технологии што ги измислил човекот?”
Видете ги одговорите во продожение.

Препознавање на глас на мобилен телефон

Доколку изјавата е компликувана овие системи не се во можност да ја разберат. И не само тоа, често се случува истите да не ги препознаваат и простите броеви и зборови.

Аларм во автомобил

Скоро никој повеќе не се вознимирува на иритирачкиот звук на аларамот. Луѓето научија да ја игнорираат бучавата од звукот, без оглед каде се наоѓаат.

Камера на iPad-от

Корисниците на iPad сигурно веќе поседуваат смартфон или дигитална камера. Многу попаметен избор би биле тие, отколку камерата iPad-от, со кој само би изледале смешно додека фотографираат.

Читачи на кредитни картички

Копчето“да“ не е секогаш на истото место, а вие губите драгоцено време обидувајќи се да го најдете до екранот, на тастатурата или пак можеби на екранот чувствителен на допир. Некој ќе си помисли дека никогаш порано не сте извршиле финансиска трансакција.

Копчето “snooze“

Без разлика колку пати ќе стиснеме “snooze“ на алармот, сепак се будиме ненаспани. Уште неколку минути плус нема да значат ништо. Напротив станување веднаш по алармот е многу подобро отколку стискање на ова копче и по неколку пати, кое само дополнително би придонело за замор.

Facebook

Колку е добро толку е и лошо – Facebook нужното зло на денешницата. Некако се беше поедноставно кога само стапувавме во контакт со пријателите, без да мораме да апдејтираме безбедносни подесувања, да внимаваме на сомнителни линкови кои просто мамат да ги отвориме. Упс!