Еден од 10 Американци инвестирал во криптовалути во последната година, покажува анализа на Универзитетот во Чикаго, а којашто покажува дека најголем интерес има за дигитални валути како што се биткоин и етер, пишува CNBC.
Вкупно 13% од испитаниците купиле криптовалути во последните 12 месеци. За споредба, 24% од Американците инвестирале во акции во текот на истиот временски период, покажува истражувањето.
Инвеститорите на почетокот на оваа година беа поттикнати од пад на цените на криптовалутита. Поголемиот дел од нив (61%) купиле криптовалути во последните шест месеци.
На средината на април биткоинот достигна цена од околу 63.000 долари, што е скок о 116% од 29.000 долари колку што вредеше на почетокот на година.
Фото: Pexels