Кина: ЕУ претвора климатско прашање во трговски проблем

55

Кина оцени дека планот на Европската унија за воведување на глобален данок на јаглерод ќе се прошири на климатски проблем во трговијата, со што ќе бидат прекршени меѓународни принципи и ќе ги загрози изгледите за економски раст.

Европската комисија овој месец ги претстави плановите за воведување на Механизам за прилагодување на границата на јаглерод од 2026-та година, односно за царина на СО2, така што компаниите што ќе извезуваат во Европската унија ќе мора на граница да плаќаат такса за стоки со интензивна емисија на јаглерод во текот на производството, како што е челикот, на пример.

“Станува збор за еднострана мерка со којашто прашањето за климатски промени се шири на трговскиот сектор. Таа ги крши принципите на Светската трговска организација (СТО) и сериозно ќе ја наруши меѓусебната доверба во глобалната заедница и изгледите за економски раст“, рекол Лу Јублин, портпарол на Министерството за екологија и животна средина, пренесува Ројтерс.

Тој го повтори ставот на Кина за да може да одговори секоја земја на климатските промени и да се земе предвид нивото на економски развој, како и царината на СО2 сериозно може да ѝ наштети на способноста на земјите да го решат тој проблем.

Како водечки светски производител на индустриски суровини, како што се челик и цемент, Кина би можела најмногу да трпи од оваа давачка.

Фото: Pexels