Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,50 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по цена пониска за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71 денар, додека литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 73 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) оваа недела ќе се продава по 62 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 60,00 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,138 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.07.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,880 ден/кг.
Фото: Pexels