Пад на цените на нафтата поради ширење на вирусот и загриженост за кинескиот увоз

74

Цените на нафтата на почетокот на неделата се намалија под 74 долари, поради загриженост за побарувачка во услови на ширење на вирусот и промена на законите за увоз во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта се намали за 35 центи и изнесуваше 73,75 долари, додека на американскиот пазар падна за 44 центи на 71,63 долари за барел.

Бројот на случаи на коронавирус продолжи да расте во текот на викендот, а некои земји известија за рекордна дневна стапка на раст и ги проширија мерките за ограничување што ја забавуваат побарувачката за нафта. Најголемиот светски увозник на нафта, Кина, исто така, има раст на бројот на нови случаи со коронавирус.

Фото: Pexels