Поврзувањето со платформата за интероперабилност е неопходност за секоја институција во земјата

114

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска одржа работна средба со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири.

За време на состанокот, министерот Шаќири му ги предаде на директорот Демири потврдите за интеграција на АВРСМ во системот на Централниот регистар на население. Оваа институција сега ќе има директен пристап до податоците на Централниот регистар на население.

Со вклучувањето во платформата за интероперабилност, институциите ќе можат да обработуваат и разменуваат податоци едни со други и како резултат на тоа, ова се претвора во побрзи и подобри услуги за граѓаните.

Со цел да се зголеми ефикасноста на државната администрација, сите институции да преземат иницијатива да се приклучат на системот за интероперабилност за брз временски период.