Династијата Порше влегува во вселенска трка против Маск и Безос

80

Автомобилската компанија Porsche Automobile Holding SE, која меѓу другото ја контролира групацијата Volkswagen (VW), е најновиот голем инвеститор кој се стреми да заземе водечка улога во вселенската трка со развивање на технологиите во иднината.

Компанијата, која е во мнозинска сопственост од семејството Порше – Пих од 1931 година, најави инвестиција во германскиот Isar Aerospace, вселенски старт – ап кој се обидува да парира на актуелните играчи во оваа област Blue Origin во сопственост на Џеф Безос и SpaceX Илон Маск, преку производство на ракети и лансирање сателити. 

Иако двете компании се поддржани од милијардери кои веќе напредувале во своите мисии во вселената, Isar Aerospace верува дека може да се натпреварува на тој растечки пазар со лансирање мали сателити во  земјината орбита. Првиот пробен лет го планираат за следната година.

Холдингот Porsche ќе инвестира 75 милиони долари во нивниот проект, заедно со компанијата за ризичен капитал HV Capital и швајцарската банка Lombard Odier, во рамките на финансискиот круг вреден 165 милиони долари, во кој се вклучени и претходните инвеститори. 

Фото: Pixabay