Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, според податоците на сајтот coindesk, порасна за 1,93% во последните 24 часа и во моментов (11:45, четврток) се тргува по цена од 40.601 долари.
Втората најпозната криптовалута во светот, етереум, во моментов вреди 2.325 долари, што значи дека нејзината вредност порасна за 1,36%.
Инаку, Илон Маск најави дека компанијата Tesla најверојатно повторно ќе започнат да прифаќаат биткоин како средство за плаќање, откако ќе биде објавена длабинска анализа за количината на обновливи извори на енергија што се користи за “копањето“.
Фото: Freepik