Цените на нафтата растат две недели по ред

67

На светските пазари цените на нафтата и минатата недела забележаа пораст, втора по ред, бидејќи трговците веруваат дека побарувачката за “црното злато“ ќе остане силна и покрај ширење на делта сојот на коронавирусот и новите рестриктивни мерки во некои земји.

На лондонскиот пазар цената на барел минатата недела се зголеми за 1,8% на 75,40 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 2,6% на 73,95 долари.

Во текот на јули, цената на барел нафта во Лондон поскапе за 1,6%, што е четврти месец по ред, додека на американскиот пазар цената останала непроменета.

Раст на цените е благодарение на трговците кои се уверени дека побарувачката за гориво и понатаму ќе расте и покрај ширење на коронавирусот поради што се заканува ризик од воведување нови рестриктивни мерки и забавување на економскиот раст на глобално ниво.

Фото: Pexels