Скоро половина од вработените размислуваат за значајни промени во кариерата следната година, покажува анализата на Microsoft Work Trend Index. Тоа, меѓу останатото, е последица од пандемијата, којашто на пазарот на труд донесе многу предизвици. Во истражувањето 54% од учесниците пријавиле дека се “гушат“ од работата што во тој момент ја работат.
Во изминатите 18 месеци, освен предизвици на работа, вработените во текот на пандемијата се соочија и со други стресови: грижа за блиските, урамнотежување на работните обврски со грижата за децата, како и чувството на осаменост поради намалените социјални контакти.
Во исто време, бројот на состаноци, мејлови и видео разговори драматично се зголеми со работата од далечина.
Според податоците на Microsoft, корисниците на Teams во февруари оваа година поминале 148% повеќе време на состаноци. Ова време и понатаму има нагорен тренд. Испратени се 40,6 милијарди мејлови повеќе одошто во истиот период лани. Корисниците на Microsoft Teams воделе за 45% повеќе разговори во текот на неделата, а бројот на луѓе кои работат со Microsoft Office е зголемен за 66% за една година
Истражувањето се базира на податоци на 30.000 вработени ширум светот и податоците се од системот Microsoft 365 и LinkedIn.
Фото: Pexels