Google наскоро ќе оневозможи најавување на корисниците на постари Android уреди

55

Оние корисници на телефони со оперативен систем Android 2.3.7, односно последната верзија на Gingerbread, или постара верзија, наскоро нема да може да се вклучат на профилот на Google.

Корисниците на споменатите верзии на Android нема да може да се вклучат во профилот на Google од 27 септември.

“Како дел од нашите напори за одржување на безбедноста на нашите корисници, од 27 септември 2021 година, Google веќе нема да ви дозволи да се најавите на Android уреди кои користат  Android 2.3.7 или постари. Ако се обидете да се најавите на вашиот уред по 27 септември, може да бидете известени за погрешно корисничко име или лозинка во обид да користите услуги како што се Gmail, YouTube и Maps“, соопштија од Google.

Верзијата 2.3.7 на Android се појави пред 10 години. Уредите што користат верзија 3.0 односно Honeycomb засега нема да имаат проблеми.

Фото: Pixabay