Air France нарачува 60 нови Airbus авиони

77

Францускиот авиопревозник, Air France нарача 60 авиони од типот Airbus А220-300, со коишто авиокомпанијата планира да ги замени своите летала Airbus A318 и 319 на мрежа на кратки и средни летови. Првите порачани авиони ќе пристигнат на аеродромот Шарл де Гол на крајот на септември.

Тој авион ги исполнува плановите на компанијата за одржливо работење, со оглед на тоа што е направен од лесен композитен материјал, користи 20% помалку гориво и произведува 34% помалку бука во однос на леталата што ги заменува, односно авионите од претходните генерации.

Целта е да се намали емисијата на штетни гасови за 50% во апсолутен износ во домашната и регионалната мрежа до 2024-та година, како и намалување на емисијата на штетни гасови до 50% по патник по преминат километар до 2030-та година.

Фото: Pexels