Автомобилската индустрија во Германија со добри резултати во јули

164

Германските производители на автомобили и нивните добавувачи во јули оствари подобри резултати одошто претходниот месец.

Тоа го потврдува анкетата на Економскиот институт од Минхен, според која индексот на задоволство со моменталната работа во компанијата од автомобилскиот сектор во јули порасна на 56,8 од јунските 44,9 поени, што е највисоко ниво од јули 2018 година.

Очекувањата на производителите на возила во Германија, исто така, се зголемија од 3,6 поени во јуни на 6,3 поени минатиот месец, пренесува Танјуг.

“Побарувачката во Азија и САД остана многу силна, при што нивното преткризно ниво е скоро достижно. Во Европа нè чека долг пат во тој поглед“, вели Оливер Фалк, директор на Центарот за индустриска организација и нови технологии во Институтот.

Според него, производителите на возила и нивните добавувачи трпат последици поради недостигот на компоненти во предпроизводниот процес, што предизвикува застој во производството, а се очекува намалената достава на чипови и понатаму да трае.

За првпат од декември 2018 година, германските автомобилски компании планираат да го зголемат бројот на вработени.

Побарувачката за автомобили минатиот месец незначително се зголеми, а искористеноста на капацитетите се задржа на ниво од пред кризата.

Фото: Pexels