Американски CNN отпушти тројца вработени кои дошле на работа, а не биле вакцинирани, пренесуваат американските медиуми.
Одлуката на менаџментот на CNN е една од првите примери дека некоја американска компанија отпуштила работници поради кршење на правилата на компанијата поврзани со вакцинирањето против коронавирусот.
Компаниите во САД можат според законот да побараат од нивните вработени да се вакцинираат.
Многу големи компании, како што се Facebook и Google, велат дека ќе побараат од нивните вработени да се вакцинираат кога ќе се вратат на работа.
Фото: Pexels