Азурен брег, јахти, скапи автомобили и казина се веројатно првите работи што ви паѓаат на ум кога некој ќе го спомене Монако.
Монако е втор најмал град-држава во светот, сместен на Азурниот брег, односно на брегот на Средоземното море. Тука се наоѓаат најскапите недвижнини во светот. Цената на метар квадратен е двојно повисока отколку во Њујорк, кој инаку важи за еден од најскапите градови во светот. Оваа година Монако ја однесе победата доста убедливо – просечната цена на метар квадратен е 47.600 евра.
Но, што друго знаете за ова кнежевство? Во продолжение ви донесуваме неколку интересни факти.
Монако е држава (буквално микро-држава) лоцирана на француската ривиера, во близина на италијанскиот регион Лигурија. Таа е една од оние земји што граничи само со една земја, а во овој случај тоа е Франција. Исто така, иако фромално Монако не е членка на ЕУ, го користи еврото како валута.
Монако е управуван од кнежевство, а во моментов владее Алберт Втори. Тој потекнува од династијата Грималди, и е син на познатата актерка, а подоцна и принцеза на Монако, Грејс Кели.
Минималната загарантирана плата овде изнесува околу 1.200 евра, а просечната плата е околу 4.400 евра. Сепак, со оглед на трошоците за живот и цените во оваа земја, тоа не е премногу, но со две просечни плати можете да поминете луксузен одмор речиси секаде во светот.
Секоја година, уште од 1929 година, Монако е домаќин на трката во Формула 1. Возењето во Монако е посебно, бидејќи не се одвива на посебна тркачка патека, туку на градските улици. Патеката е тесна и нема многу можност за претекнување, а присуството на трката е прашање на престиж.
Поради богатиот живот, но и угледот, жителите на Монако генерално изгледаат пристојно. Овде се мали шансите да наидете на некој со зелена обоена коса, а ако наидете, веројатно станува збор за турист.
Монако е прилично безбедна земја, и многу граѓани воопшто не ги заклучуваат вратите на автомобилите. Причините за ова се релативно големиот број полицајци, како и големиот број безбедносни камери.
Фото: Pixabay