Квадрат чини колку стан во Скопје, секој трет жител е милионер, а сиромаштија нема

495

Монако е втор најмал град-држава во светот, сместен на Азурниот брег, односно на брегот на Средоземното море. Тука се наоѓаат најскапите недвижнини во светот. Цената на метар квадратен е двојно повисока отколку во Њујорк, кој инаку важи за еден од најскапите градови во светот. Прекрасната и елегантна француска енклава уште еднаш е прогласена за најскапиот дел на светот.

Оваа година Монако ја однесе победата доста убедливо – просечната цена на метар квадратен е 47.600 евра, додека Хонгконг е на второто место со цена од 39.600 евра. Њујорк ја зазеде третата позиција со просечна цена од 22.200 евра.

Презентираните бројки ја рефлектираат продажбата од минатата година. Трансакциите паднаа за 11% во текот на годината, а имоти со цена под 5,8 милиони американски долари беа најактивни.

Што придонесува за високите цени во Монако?

За почеток, медитеранското кнежевство е многу барано поради даночните бенефиции – тука недвижностите и приходите не се оданочуваат. Локацијата, исто така, зборува за себе, Монако зазема прекрасно крајбрежје, со изобилство на луксузни одморалишта, додека секоја година се одржуваат и престижните Monaco Grand Prix и Monaco Yacht Show.

И просторот е од клучно значење, Монако е помал од Central Park во Њујорк, што објаснува зошто е толку тешко овде да се дојде до парче земја. Околу една третина од населението во Монако се милионери, додека стапката на сиромаштија е рамна на нула.

Фото: Pixabay