Илон Маск претстави нов производ – Tesla Bot

68

Извршниот директор на Теsla, Илон Маск, најави дека најверојатно следната година ќе лансира прототип на хуманоидниот робот Tesla Bot, кој е дизајниран за опасни, повторливи или здодевни работи што луѓето не сакаат да ги прават.

Обраќајки се на Денот на вештачката интелигенција  на Теsla, милијардерот  рече дека роботот, висок околу 1,76 метри, ќе може да извршува различни задачи, како што е вртење завртки за автомобили со клуч или преземање намирници во продавници, пренесува Ројтерс.

Роботот ќе има далекусежно влијание врз економијата со решавање на проблемот со недостаток на работна сила, рече Маск. Тој додаде дека е важно машината да не е прескапа.