Хобија кои ќе ве направат попаметни

415

Постојат работи кои доколку ги практикуваме, можат да влијаат на нашата интелигенција. Истражувањата покажаа дека тврдењето дека таа ни е предодредена со раѓањето е заблуда.

Мозокот со учење на нови вештини создава нови “нервни коридори“ кои му овозможуваат да работи побрзо и подобро.

Ова е листа на хобија што ве прават попаметни и што ќе придонесе за вашиот успех на приватен и деловен план.

Вежбајте го мозокот

Како што се потребни редовни физички вежби за одржување на телото, така и на мозокот му требаат редовни тренинзи за да се одржи во добра кондиција. Редовните предизвици на мозокот и поттикнувањето да се активира при изведување нови работи, ја подобруваат острината на умот. Мозокот може да се тренира на многу начини: решавање судоку, гатанки, ребуси. Сите овие активности му помагаат на мозокот да формира нови врски, да научи да реагира на ситуации со креативно размислување, да развива способност за гледање на работите од многу различни перспективи и да стане значително попродуктивен.

Свирете на музички инструмент

Конфучие одамна кажал дека музиката создава некој вид на задоволство кое човечката природа не може да го доживее или да го почувствува без неа. Музиката го стимулира мозокот и има моќ да предизвика некои комплексни емоции и психолошки состојби. Разни истражувања покажаа дека слушањето музика и свирењето на некој музички инструмент го зголемуваат капацитетот на меморијата. Ова хоби исто така ја изострува концентрацијата.

Читајте многу и неуморно

Читањето е долг пат кон зголемување на знаењето, но и на интелигенцијата, особено ако читате книги од разни области за различни теми – од фикција и животописи до антологии. Читањето го намалува стресот, помага при доживувањето на повеќекратни емоции и усвојувањето нови знаења. Сите тие фактори помагаат за понасочено размислување за себе, а да се биде во хармонија со самите себе е клучниот темел за позитивен живот. Читањето придонесува за поголема продуктивност при постигнувањето на зацртаните цели.

Вежбајте често

Здравото тело му помага на мозокот да биде здрав. Мозокот може да се третира како и секој мускул во телото. Редовното вежбање ги одржува мозокот и телото, ја намалува напнатоста и го подобруваат сонот. Лекарите се согласуваат дека подобрата циркулација и протокот на крвта во мозокот, можат да значат и зголемена мозочна функционалност. Разни студии изведени на глувци и луѓе покажале дека кардиоваскуларните вежби можат да креираат нови мозочни клетки , а со тоа да ја подобрат вкупната ефикасност на мозокот.

Научете нов јазик

Учењето нов јазик не секогаш е лесна задача, но има бројни погодности и со сигурност ќе ве направи попаметни. Процесот на учење нов јазик вклучува задачи како што се анализирање на граматички структури и учење нови зборови, а тоа ја зголемува интелигенцијата и здравјето на мозокот. Со разни експерименти е докажано дека луѓето со високи нивоа на вербално-лингвистичка интелигенција се добри во планирањето, носењето одлуки и решавањето проблеми.

Патувајте на нови места

Патувањата не се само привлечен начин за забава и потрага по нови интересни места и настани, тие се многу повеќе од тоа и навистина помагаат при зголемувањето на интелигенцијата. Патувањата вклучуваат физички и ментални тренинзи и ослободување на умот од  секојдневниот стрес. Со ослободувањето од стресот се добива можност за подобро концентрирање врз задачите, изострена перцепција и пролабочено разбирање на предметите. Секоја нова дестинација нуди можност за учење нови работи: нови луѓе, култури, обичаи, храна, што овозможува контакт со нови идеи.

Фото: Pixabay