Сопствениците на бродови предлагаат глобална такса за емисии на јаглерод

81

Големо здружение на поморската индустрија денеска ги поддржа плановите за воведување глобален надоместок за емисиите на јаглерод во превозот, со цел да се финансира транзицијата на тој сектор на горива, што не ја загрозуваат климата.

Меѓународната бродска комора (ICS) објави дека им предлага на Обединетите нации сите бродови што емитуваат јаглеродни гасови над одредено ниво на глобално ниво да платат одредена такса по метрички тон јаглерод диоксид, пренесe „АП“.

Асоцијацијата, која ги претставува сопствениците на бродови и операторите кои покриваат повеќе од 80 проценти од светската трговска флота, не соопшти каква цена ќе поддржи по метрички тон јаглерод.

Се проценува дека поморската индустрија има удел од речиси 3,0 проценти во глобалната емисија на стакленички гасови, кои предизвикуваат глобално затоплување.

Активисти за заштита на животната средина го поздравија предлогот на ICS, истакнувајќи дека здружението не коментира за висината на надоместокот. „Знаеме дека тие се сериозни во врска со ова прашање кога ќе го прифатат нивото на компензација што веќе го предложија островските земји загрозени од климата“, рече Фондот за заштита на животната средина (EDF).

Маршалските Острови и Соломонските Острови, две земји со голема бродска флота на кои сериозно им се закануваат климатските промени, предложија данок на јаглерод од 100 долари по тон.

ICS соопшти дека се противи на индивидуалните регионални мерки, како што се предложените од Европската унија, и вети дека парите собрани од таксите одат во климатски фонд за субвенционирање на почисти алтернативни горива, како што е водородот, се додека нивната цена не стане конкурентна со конвенционалните горива.