Porsche го искористи Меѓународниот Салон во Минхен за да ни даде мал увид во електричната иднина на своите тркачки автомобили.
Германскиот производител Porsche на Меѓународниот Салон во Минхен го претстави моделот Porsche Mission R кој е најава за иднината на електричните тркачки автомобили на компанијата, заедно со предвидувањето на следната генерација на патнички возила. Mission R треба да претставува увид во иднината на Cayman, а станува збор за купе со два електромотори и погон на сите четири тркала дизајниран за клиентските тркачки тимови кои би можеле да се натпреваруваат во некои од тркачките шампионати на марката ширум светот.
Porsche Mission R испорачува 1.088 КС во „квалификацискиот“ режим како што го нарекува Porsche. Системот за погон на сите четири тркала е доволен за спринт од нула до „стотка“ за само 2,5 секунди, а максималната брзина е 300 километри на час.
Максималната моќност која е спомената погоре е врвот што може да го достигне моделот, а производителот објаснува дека електричниот тркачки автомобил може да испорачува константна моќност од 680 КС. Напредната 900-волтна технологија се осигурува дека до 75 проценти од батеријата може да се наполни во само 15 минути. Во меѓувреме, агресивниот дизајн на екстериерот има активни аеродинамични компоненти, вклучително и подесивото масивно задно крило со две секции.
Технологија која ќе се најде кај идните автомобили на марката
Каросеријата е направена од NFRP природно засилена пластика и истиот материјал може да се види и во ентериерот исто така. Безбедносната структура на тркачкиот автомобил е направена од карбонски композитен материјал кој обезбедува висока заштита за возачот. Она што исто така е интересно околу кабината е дека возачкиот модул исто така служи и како еспорт симулатор. Нешто пократок од актуелниот 718 Cayman, Mission R е само 1.190 милиметри висок, 4.326 милиметри долг и 1.990 милиметри широк.
Во овој момент, Porsche нема планови за да го доведе овој конкретен концептен автомобил во производствена фаза. Сепак, мошне сличен автомобил кој ги имплементира технологиите кои се наоѓаат кај Mission R би можел да се очекува во блиска иднина како тркачки автомобил.
Преземено од Avtoplus.mk