Продажбата на ЕВ и plug-in хибриди расте во Европа

81

Специјализираната компанија за собирање и обработка на информации во автомобилската индустрија, Jato Dynamics, во својот најнов извештај открива дека 967.830 нови возила се регистрирани на 26 пазари во Европа во јули. Ова е пад од 24 проценти во однос на 1,27 милиони возила кои беа регистрирани во јули минатата година. Сепак, и покрај тоа, годишната продажба до конкретниот датум останува позитивна со вкупно 7.381.735 регистрации, 17 проценти повеќе во однос на истиот период во 2020 година.

Пазарниот удел за бензинските автомобили ширум Европа продолжува да опаѓа. Во јули 2019 година, автомобилите со бензински мотор сочинувале 63,4 проценти. До јули 2020 година, таа бројка опадна на 59 проценти. Регистрацијата на дизел возила исто така се намали за 166.000 единици во периодот меѓу јули 2020 и јули 2021 и речиси 207.000 меѓу јули 2019 и јули 2021. Регистрациите на нови електрични возила се зголемила за 49.000 меѓу јули 2020 и јули 2021, односно 125.000 единици меѓу јули 2019 и 2021.

Најдобро продаван нов автомобил во Европа во текот на јули 2021 година е Dacia Sandero со 20.446 продадени единици, а веднаш зад него е Volkswagen Golf со 19,425 единици. Следуваат Toyota Yaris (18.858), VW Polo (17.343) и VW T-Roc (16.496). Во меѓувреме, најдобро продаван plug-in автомобил е Ford Kuga со 4.247 регистрации, победувајќи го Peugeot 3008 (3.039) и Volvo XC40 (2.931).

Кога станува збор за целосно електричните возила, тука лидер е Volkswagen ID.3 со 5.433 регистрации, со голема предност во однос на Renault Zoe со 3.976 продадени единици, Kia Niro (3.953) и Škoda Enyaq iV (3.649).

Преземено од Avtoplus.mk