Швајцарската компанија Nestle соопшти дека во првата половина на 2013 остварила органски раст од 4,1%, што според аналитичарите е под очекувањата, исто како и резултатите кои ги оствариле конкурентските фирми како француската компанија Danon (Danone) и британско-холандската фирма Junilever (Unilever).
Во соопштението од Rojters, како причина за понискиот раст од очекуваното Nestle ја наведува намалената потрошувачка во Европа. Компанијата прогнозира понизок раст и во текот на целата година, односно од првобитните 5-6%, на 5%.
Нето профитот на производителот на популарните kitkat, во истиот период изнесувал 5,1 милијарди франци (4,1 милијарди евра) што се совпаѓа со предвидувањето на аналитичарите.
Истиот извор вели дека компаниите Danon и Junilever веќе објавиле дека во првите шест месеци од 2013 оствариле органски раст од 6 односно 5%.