За да се развие висококвалитетен туризам во Хрватска, ќе биде неопходно да се зголемат и да се обезбедат приходи во текот на целата година и да се подобрат условите за работа, пишува Пословни дневник и додава дека туристичките компании веќе започнале да се осигуруваат за следната година со работна сила, што ќе биде најголемот предизвик во 2022 година.
Од компанијата Валамар известуваат дека ќе ги награди сите свои вработени за екстремно напорна сезона со стимулации до 1.600 куни (околу 210 евра). Од Плава лагуна, Пословни дневник дознава дека одредбите од Колективниот договор за нето стимулации во текот на сезоната ќе се вратат на сила оваа година, така што работникот ќе има право на бонуси, како и претходните сезони.
Од Маистра велат дека ги наградиле своите вработени за постигнатите резултати во летната сезона плаќајќи парична награда во периодот од јули до септември во вкупен износ од 4.200 куни (околу 560 евра). Наградата им беше исплатена на сите вработени, постојани и сезонски.
“Со цел да се задржат работниците во туризмот, во Валамар започна програма за вработување преку целата година до следната туристичка сезона. Во договор со синдикатите, преку програмата за вработување, 400 најлојални сезонски работници ќе станат постојани работници на неопределено време во текот на есента и ќе обезбедат работа преку целата година “, објаснуваат тие.