Црногорскиот БДП загуби 765 милиони евра – најлош резултат во Европа

24

Црногорската економија загуби 765 милиони евра минатата година, што претставува пад на бруто домашниот производ (БДП) за 15,3 проценти, според официјалната статистика на Монстат.

Ова е убедливо најлош резултат во цела Европа, според податоците на Еуростат, бидејќи следната земја на скала – Шпанијата – имаше пад од 10,8 проценти.

Вкупниот БДП во Црна Гора за минатата година изнесуваше 4,19 милијарди евра, додека во 2019 година беше 4,95 милијарди.

Ова е 6.737 евра по глава на жител, што е за 1.222 евра помалку од претходната година.