Nokia со загуба од 969 милиони евра

69

Финската компанија Nokia, до неодамна најголемиот произведувач на мобилни телефони во светот, извести дека во третото тримесечје бележи загуба од 969 милиони евра.

Извршниот директор на компанијата, Стивен Елоп го опиша третото тримесечје како “тешко”. На чело на компанијата е од 2010 година и го исфрли од употреба оперативниот систем за паметни телефони Symbian, склучувајќи партнерство со Microsoft. Резултат на тоа беа Lumia телефоните, кои беа критикувани дека не се ценовно конкурентни. Цената на најскапиот модел Lumia 900 е многу падна на американскиот пазар по разочарувачки слабата продажба.

Nokia доминираше на меѓународниот пазар на мобилни телефони повеќе од 10 години, а почна да заостанува по појавата на смарт телефоните. Во тој сегмент за водечка позиција се натпреваруваат Apple и Samsung.