Новата генерација на SL ќе дебитира следната недела, а во пресрет на премиерата Mercedes-AMG ги објави првите фотки од ентериерот.
Mercedes-AMG SL наскоро ќе ја добие својата нова генерација, а за таа цел германската компанија ги објави првите тизер фотографии од ентериерот на автомобилот. Како што е познато, новиот SL ќе добие редизајнирана кабина, а новина е тоа што инфозабавните екрани ќе имаат можност за навалување со цел да се намали директниот одблесок на сончевите зраци. Тизер фотографиите даваат и еден поширок преглед на целиот ентериер, а како што може да се очекува, нема некои поголеми изненадувања. Возачот пред себе ќе добие дигитален екран кој ќе служи како инструментален кластер, а целата кабина ќе го следи стилскиот јазик на најновите модели на Mercedes.
Деталите околу погонот и понатаму остануваат мистерија, иако неодамна автомобилот беше уловен во камуфлирана состојба на која сепак можеше да се забележи полначкиот порт на задниот браник, на истото место како и Mercedes-AMG GT 63 S E Performance кој дебитираше минатиот месец. Plug-in хибридот нема да биде комбинација на V8 и електромотор. Наместо тоа, производителот ќе го користи турбо 2,0-литарскиот агрегат со мала електронска асистенција. Комбинираната моќност се очекува да биде 578 КС, a хибридниот погон ќе дојде во комбинација со деветстепен автоматски менувач.
Mercedes исто така потврди и дека новиот SL ќе биде достапен со погон на сите четири тркала, што по се изгледа ќе произлегува од хибридниот погонски склоп. Во понудата можеби ќе се најдат и други моторни опции, но тоа засега е на ниво на шпекулации и претпоставки.
Новиот SL ќе добие и мек преклоплив покрив, што треба да помогне во одржувањето на тежината на автомобилот, иако дизајнот делува пореволуционерно во однос на претходната генерација на моделот.
Преземено од Avtoplus.mk