Италијанците и Французите формираа компанија за летечки такси

69

Аеродромите во италијанските градови Рим, Венеција и Болоња и на француската ривиера ги здружија силите со цел да основаат компанија која ќе формира и управува со инфраструктурата за летечки такси, беше објавено во заедничкото соопштение на компаниите.
Инфраструктурата, позната како вертипорт (вертикалнo воздухопловно пристаниште), ќе се користи за сместување на авиони на батерии кои можат да полетуваат и слетуваат вертикално, нудејќи им на патниците нови можности да го избегнат сообраќајот и да стигнат од еден град во друг што е можно поскоро, пренесува Ројтерс.

Аеродромот Атлантиа со седиште во Рим, аеродромот Венеција, аеродромот Гулиелмо Маркони во Болоња и француските аеродроми на Азурниот брег објавија дека нивната компанија, наречена UrbanBlue, ќе биде отворена за други индустриски, технолошки и финансиски партнери кои постепено ќе се шират во Италија, Франција и други дестинации.

Партнер на UrbanBlue ќе биде и германскиот стартап за услугите на летечкото такси Волокоптер, а ќе добие и поддршка од инвестицискиот фонд ЕДФ Инвест, акционер на аеродромот на Азурниот брег, се додава во соопштението.