Благој Ѓорев успешно извезува во Косово и во Босна

67

1211373234maslo_grupna[1]Благој Ѓорев АД од Велес веќе трета година по ред извезува поголем асортиман од своите производи во Косово, а од минатата година и во Босна и Херцеговина.

Производниот капацитет за преработка на маслодајни семиња пазарите добро го пласира познатото масло за јадење Кристал, повеќе видови на маргарини како и други производи од широкиот асортиман на оваа македонска компанија.

Благој Ѓорев успешно опстојува на македонскиот пазар веќе 90 години, има производствен капацитет за преработка на повеќе од 50.000 тони маслодајни семиња годишно, додека процентот на искористување во моментов е нешто над 10%.

Се откупува сончоглед исклучиво од македонските сончогледови полиња, со што оваа компанија дава значаен придонес во одржувањето на оваа земјоделска гранка.

“Извозот во Косово и во Босна и Херцеговина е од големо значење, бидејќи ни овозможува порентабилно искористување на нашите капацитети кои се многу поголеми во однос на она што во моментов го произведуваме. Нашите планови не запираат само на овој пазар, но ова за нас е некоја сигурност и потврда дека можеме да бидеме конкурентни со квалитет и да се пробиеме и на други пазари. Зголемениот извоз значи можност за зголемување на обемот на производство, порентабилно производствo, одржување и подобрување на квалитетот на нашите производи. Целосно го имаме имплементирано ISO 9001:2000 стандардот, а сме во завршна фаза и на воведување на Халал стандардот со кои активности сакаме да го подобриме квалитетот на нашите производи, да го стандардизираме и со тоа да ја задржиме довербата на потрошувачи”, изјави Горан Лазов, генералниот директор на Благој Ѓорев.