Претседателот на Oracle, Лeри Елисон, од петокот е побогат за речиси 16 милијарди долари, што ги надмина основачите на Google на листата на најбогати и со тоа се доближи до Бил Гејтс.
Акциите на Oracle пораснаа за 16 отсто по кварталниот извештај за заработка подобро од очекуваното, доцна во четвртокот. Богатството на Елисон, најголемиот акционер на компанијата со 1,14 милијарди акции, сега вреди 135,7 милијарди долари, според податоците на Форбс, пренесува CNBC.
На листата на милијардери на Форбс, тој се “пресели“ веднаш пред основачот на Google, Лери Пејџ (кој има богатство вредно 126,3 милијарди) и Сергеј Брин (121,7 милијарди) и со тоа го зазеде петтото место. Гејтс кој е пред него моментално вреди 139,2 милијарди долари.











