Според податоците на Државниот завод за статистка во трговијата на мало, во јуни 2013 година, во споредба со јуни 2012 година, намалување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14,5%, а реално за 19,1%), Трговија на мало со непрехрамбени продукти, освен гориво (номинално за 4,2%, а реално за 10,6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9,8%, а реално за 14,3%).
Во трговијата на мало, во јуни 2013 година, во споредба со јуни 2012 година, пораст на прометот е забележан во групата Трговија на мало со автомобилски горива.