Контроли на компаниите кои издаваат сертификати за квалитет

53

IMG_5323Љупчо Давчев, директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ), којшто е во постапка да стане сертификациско тело за системи за управување со квалитет (MKC EN ISO 9001:2009) и министерот за економија Ваљон Сарачини денес остварија работна средба. На средбата се дискутираше за  сертификати кои Институтот треба да почне да ги издава до крајот на годината.

“ИСРМ во изминатиот период усвои 98% од европските стандарди и притоа е направена речиси целосна имплемнтација на европските стандарди, и како резултат на тоа успеавме да станеме членка на Европската организација за стандардизација и тоа како единствена земја во регионот, кои членуваат во ЦЕФТА. Придобивките од ова се навистина големи за индустријата бидејќи нашиот Институт од сега па натаму има полноправен глас во Европскиот комитет. Тоа значи дека во иднина при изработка на стандардите без разлика дали се работи за наши домашни или пак европски, нашата индустрија ќе има право да дава предлози да носи одлуки и да сугерира подобрување на секој стандард”, изјави Сарачини.

Министерот Сарачини појасни дека стандардите имаат навистина огромно значење, особено за компаниите кои извезуваат на европски пазар, затоа што со нив се зголемува квалитетот на производот, се зголемува сигурноста и здравјето на граѓаните, се избегнуваат пречките во трговијата, се зголемува конкурентноста на производите, и најважно се стимулира иновативноста.

“Во последно време имаме сознанија дека многу компании, човек комапнија, издаваат сертификати после еден месец. Невозможно е да заврши целата постапка за издавање на ИСО сертификат, ние заедно со Инстититутот за стандардизација, со Институтот за акредитација, но и со Министерството за информатичко општество и администрација веќе од септември ќе направиме план и динамика за следење на сите компании коишто имплементираат и издаваат ИСО стандарди за да можеме да го подигнеме квалитетот во овој домен”, изјави Сарачини.

Директорот Давчев истакна дека во европските тела Институтот е примен под името Институт за стандардизација на Република Македонија иако имало негативни реакции од две земји поради тоа. До крајот на година Институтот ќе формира Одделение за сертификација, кое ќе учествува на пазарот за спроведување на постапка на сертификација во компании кои имаат интерес да го воведат основниот стандард ИСО 9001, наменет за организациона и менаџерска поставеност.

Со последната измена на Законот за стандардизација во февруари 2013, новата надлежност на ИСРМ е одобрување и мониторинг на апликациите за примена на националниот промотивен знак Македонско сонценце. Од февруари ќе започне и кампања за изработка на македонски стандарди.

“Бараме две фирми низ Македонија”, рече Давчев, повикувајќи ги компаниите да се вклучат во проектот.

Во работата на компанијата ќе биде применета соодветна методологија за да се утврдат економските бенефити. Врз основа тоа кога ќе се изработи целата процедура којашто трае пет-шест месеци по директно менторство на Меѓународната организација за стандардизација со огромна помош на Владата и Министерството за економија, фирмите ќе бидат обајевни на веб – страниците на Меѓународната организација за стандардизација и во нивните весници.

Давчев појасни дека со воведувањето на стандардите компаниите ќе можат да излезат на европскиот пазар, што значи многу поголем профит.