Германскиот производител Opel со својот модел Vivaro-e Hydrogen го отвара следното поглавје во својата одржлива мобилна офанзива
Менаџерот за развој Маркус Лот додаде: „Новиот Vivaro-e Hydrogen совршено ги задоволува барањата на клиентите на возниот парк. Водородното комерцијално возило е идеално решение за возење на долги дестинации со нула емисија на штетни гасови, како и за транспорт на поголеми товари без губење време при полнењето на батериите. Opel Vivaro-e Hydrogen ја води мобилноста со нула емисии во иднината, особено за комерцијална употреба.
Паметен концепт: долг опсег на возење, нула емисии, брзо полнење
Vivaro-e Hydrogen се заснова на постоечкиот електричен Opel Vivaro-e со батерии, „Интернационално возило на годината за 2021 година“. Со полни резервоари со водород, опсегот на возење е повеќе од 400 километри (WLTP1). Горивната ќелија од 45 kW е способна да генерира доволно енергија за континуирано возење на автопат. Потребни се само три минути за полнење со водород – приближно исто време е потребно за полнење на конвенционално возило со дизел или бензин.
Литиум-јонската батерија од 10,5 kWh обезбедува динамична максимална моќност кога е потребна, на пример, при стартување и при забрзување. Бидејќи батеријата ги покрива потребите за енергија во такви ситуации, горивната ќелија може да работи во оптимални работни услови. Батеријата овозможува и регенеративно сопирање, додека способноста за приклучување нуди можност за полнење на батеријата надворешно доколку е потребно, на пр. на станица за полнење, обезбедувајќи опсег од 50 km во електричен режим. Vivaro-e Hydrigen стандардно се одликува со трифазен вграден полнач (11 kW) и кабел за полнење во мод 2.
Благодарение на паметното пакување, Vivaro-e Hydrogen не прави компромиси за просторот во споредба со верзиите на мотори со внатрешно согорување, нудејќи до 5,3 или 6,1 кубни метри товарен волумен. Електричниот LCV со горивни ќелии е достапен во должини M и L (4,95 и 5,30m) со носивост до 1.000 kg.
Широк спектар на асистенции и технологии
Како и електричната верзија и оние со мотори со внатрешно согорување, Vivaro-e Hydrogen нуди невообичаено широк спектар на системи за помош при возење на возачот кои ја подобруваат безбедноста. Опремата вклучува панорамска камера со заден поглед од 180 степени, предупредување за слепи точки и преден/заден паркинг пилот.
Инфозабавниот систем Multimedia Navi Pro работи преку препознавање на глас или екранот на допир во боја и е компатибилен и со Apple CarPlay и со Android Auto. Системот за навигација нуди мапи за Европа, динамично водење на рутата и TMC. Корисниците исто така можат да го ладат или загреваат возилото за време на полнењето преку „OpelConnect“ и да го програмираат времето на полнење со апликацијата „myOpel“.
Новиот Vivaro-e Hydrogen користи повеќе од 20 години искуство во развојот на возила со водородни горивни ќелии на Opel и Stellantis. Производството се одвива во Opel Special Vehicles (OSV) во Rüsselsheim. Со новиот Vivaro-e Hydrogen, Opel ја продолжува својата офанзива за електрификација.
Клиентите имаат избор да го изберат концептот на погон во портфолиото на Opel LCV кој одговара на нивната примена. Vivaro-e Hydrogen ги надополнува електричните комерцијални возила со батерии Combo-e, Vivaro-e и Movano-e кои веќе се достапни за нарачка.
Преземено од Avtoplus.mk