My Ami Buggy концептот е подготвен за авантури

102

Францускиот производител Citroen го трансформираше својот мал градски електричен автомобил Ami во интересен концепт наречен My Ami Buggy

Citroen My Ami Buggy концептот е најновата итерација на малиот електричен модел на францускиот бренд. Овој концепт става акцент на патувањето со поставување на поголема количина на багаж во малото возило.

Од Citroen велат дека станува збор за концепт кое „секое дете од 14 до 77 години ќе посака да го добие како божиќен подарок“. Замислата е My Ami Buggy концептот да биде рекреациско возило за викендите. Во споредба со другите верзии на Ami, оваа варијанта делува помускулесто. My Ami Buggy концептот се одликува и со заштити за фаровите, пластична заштита на сводовите над тркалата и заштита за предницата. Тркалата се во мат златен финиш, а се обложени со поголеми пневматици од претходно.

Интересните детали не завршуваат тука, бидејќи концептот е опремен со челични шини на подвозјето, помошна светлосна лента и резервна гума која е поставена на покривот. Вратите се отстранети и заменети со ниско поставени нишалки со чие отстранување полесно се пристапува до кабината. Во нив се поставени и специјално дизајнирани торби за складирање. Кога временските прилики не се поволни, возачот може да инсталира платнени водоотпорни панели.

Многу повеќе простор за багажот

Уникатниот стајлинг се префрла и во кабината каде се наоѓаат Advanced Comford седиштата кои имаат двојно поголемо полнење во однос на стандардниот Ami. Концептот исто така е опремен со метална решетка за складирање во мат златна боја, држачи за чаши и неколку отстранливи торби за складирање.

Засега нема индикации дека овој концепт ќе влезе во производство, а Citroen не објави спецификации. Сепак, стандардниот Ami има 5,5 kWh литиум-јонска батерија која го напојува електромоторот кој испорачува 8 КС. Ова му овозможува да моделот да достигне брзини до 45 километри на час и да патува до 70 километри со едно полнење. Иако не може да се пофали со својата брзина, Ami може да се управува без возачка дозвола, а можат да го возат лица од 14 години па нагоре. Секако, на места кои го дозволуваат тоа.

Преземено од Avtoplus.mk