Маск: Продадов доволно акции

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, вели дека продал „доволно акции“ за да го исполни ветувањето дека ќе продаде 10 отсто од акциите што ги поседува во највредната автомобилска компанија во светот.

Милијардерот, кој го пресели седиштето на компанијата од Калифорнија во Тексас овој месец, остро ја критикуваше Калифорнија во интервју објавено во вторникот, поради „прекумерните даноци“, пренесува Ројтерс.

Акциите на Tesla, кои беа блиску до рекордни нивоа во текот на годината, загубија околу 25 отсто откако Маск на 6 ноември објави дека ќе продаде 10 отсто од акциите во компанијата доколку потегот биде поддржан од неговите следбеници на Твитер. Најбогатиот човек на планетата во вторникот продаде уште 583.611 акции, со што вкупниот број на продадени акции достигна 13,5 милиони, што е околу 80 отсто од сумата што планираше да ја продаде.

„Продадов доволно акции за да добијам околу 10 отсто“, рече Маск.