Иако автомобилската индустрија влегува во нова ера, голем број купувачи во Европа беа скептични до неодамна кога станува збор за поседување на електричен автомобил
Истражувањето за животната средина и електричната мобилност, спроведено минатиот август во Европа, укажало на исклучителна загриженост кај жителите на Стариот континент кога станува збор за климатските промени. Всушност, 62% од испитаниците ги промениле своите животни навики со цел да се помогне во борбата против климетските промени и загадување. Климатските промени се закана за целото човештво, затоа е важно секој да даде свој придонес. Високите барања се поставени и пред голем број институции, вклучително влади, компании, како и производителите на автомобили.
Во моментов се наоѓаем на самиот крстопат кон една нова ера која одбележува уште поголема освестеност кај луѓето кога станува збор за еколошката криза и контролираната употреба на ресурсите.
Перспектива за електрична мобилност во Европа
Со цел да се запрат климатските промени, неопходно е да се развијат облици на превоз со помал јаглерод диоксиден отпечаток. Електрификацијата е клучна компонента во овој процес, со оглед на тоа дека отпечатокот на електричните возила е двојно помал од оној кај возилата со бензински или дизел мотор. Токму затоа, 8 од 10 луѓе во Европа заговараат за поширока промена на електричните и хибридните возила во следните 10 години. Иако најдобриот пристап би било спојувањето на еколошките интереси на луѓето со нивната желба да ги намалат трошоците за употреба на својот автомобил, преоѓањето на електричната мобилност и понатаму ќе се одвива бавно, пред се поради неопходната инфраструктура.
Некои од причините поради кои Европјаните се двоумат во целост да ја прифатат електричната мобилност се високата куповна цена, ограничениот опсег на движење како и полнењето на батеријата и времето потребно за тоа. Повеќе од половина испитаници очекуваат производителите да произведат и да пласираат поволни електрични возила.
Конечно пристапен електричен автомобил
Но, се поставува прашањето како да се дизајнира пристапно електрично возило кое ги исполнува сегашните и идните потреби на возачите. Dacia го има одговорот во ликот и делото на Spring. Романската марка остана верна на својот идентитет, нудејќи го најпристапниот електричен автомобил на европскиот пазар. Со опсег на движење од 305 километри при градско и 230 километри при комбинирано возење, Spring е одличен за секојдневни, но и подолги патувања. Земајќи предвид дека европските возачи дневно минуваат околу 30 километри, целосно наполнетата батерија ќе им биде доволна за цела недела возење. Spring е едноставен за возење и полнење. Токму затоа за миг ги освои европските купувачи и достигна 40.000 нарачки за само осум месеци, а неодамна ја доби и престижната награда на Autobest за Best Buy Car of Europe.
Освен што ја оправда довербата на постоечките купувачи во филозофијата на марката, Spring се покажа како уште поголем успех бидејќи успеа да привлече и нови купувачи – дури 8 од 10 негови купувачи по првпат и дадоа доверба на романската марка! Сопствениците на Spring особено ја ценат неговата достапност, удобноста во возењето, дизајнот и цената.
Преземено од: Avtoplus.mk