Toyota за прв пат ќе стане лидер во продажбата на автомобили во САД, земајќи ја титулата што ја држеше General Motors речиси еден век.
Ова е уште еден знак дека американските производители на автомобили ја загубија својата доминација на домашниот пазар. Во 2005 година, Toyota беше на четвртото место по продажба во САД, зад GM, Ford и она што тогаш беше познато како DaimlerChrysler, кои заедно сочинуваа 57 отсто од американскиот пазар.
Продажбата на General Motors заостана зад Toyota во текот на деветте месеци од 2021 година, а се очекува да така даостане и кога ќе бидат објавени резултатите за четвртиот квартал, пренесува CNN.