„Baby Shark“ е најпопуларната детска песна во светот и достигна 10 милијарди прегледи на YouTube, пренесува CNN.
Оваа песна за деца ја осмисли јужнокорејската компанија која се занимава со образование Pinkfong, а ја изведе пејачката Хоуп Сегоин.
Песната беше објавена во 2016 година и веднаш стана вирален хит во Азија. Подоцна, песната се прошири и на други делови од светот.
„Успехот на оваа детска песна е случаен“, изјави директорот на компанијата за CNN. „Никој не очекуваше видеото да има толку многу прегледи на интернет.
Пред 10 години, “Gangnam Style” го собори рекордот и стана прво Јутјуб видео со милијарда прегледи. Моментално тоа видео има повеќе од 4 милијарди прегледи.