Хотелот Славија групацијата на Субрата Рој ќе го користи за ангажираните лица кои ќе работат на реализација на неговиот проект на Преспанското Езеро. Градежните работи, наведуваат од Агенцијата, се во тек.
Претставници на компанијата на Рој се очекува да дојдат во Македонија до крајот на овој месец заедно со претставници од индиската фирма Ерџи кор која има интерес за инвестирање во производство и откуп на земјоделски производи. За новите инвестиции во Бунарџик, во Агенцијата истакнуваат дека треба да почнат да се реализираат од октомври кога се очекува претставници на компаниите да пристигнат во Македонија. Станува збор за инвестиции од една американска и една европска автомобилска компанија, како и една компанија од текстилната индустрија.
Од Агенцијата за странски инвестиции дека и хотелскиот синџир Кемпински, чии претставници престојуваа во Македонија минатата недела, покажале интерес за две-три локации за изградба на хотел.