Производите кои доаѓаат од Кина поскапеа за над 50% во последната година. Главна причина за поскапувањето на стоките од Кина е постојаното поскапување на контејнерите за превоз со стока која е трипати поскапа во однос на периодот пред пандемијата.
Според веб-страницата Freightos, која го следи движењето на цените за транспорт на стоки преку бродови преку својот FBX (Freightos Baltic Index), сегашната просечна цена за пренос на еден контејнер е 9.680 долари. За споредба, според истиот сајт, цената на превозот пред една година, бил 4.204 долари.
Серијата логистички пореметувања и метеж доведоа до глобален недостиг на транспортни контејнери. Поради овој недостиг, дојде до скок на цените и доцнење на испораките кои ги погодуваат сите, а со секое појавување на нов вид, овие доцнења дополнително ќе се влошуваа, а цените дополнително ќе растат.
Транспортот до Европа поскап од просекот
Просечната цена за транспорт на еден контејнер ширум светот е 9.680 долари. Но, ако ги погледнеме цените на транспортот од Кина до Медитеранот или до Северна Европа, цените на транспортот на еден контејнер се уште повисоки. Според FBX, моментално чини помеѓу 14.100 и околу 14.500 долари за да се испрати еден контејнер со стока.











