Во „битката за таленти“ една банка отиде чекор понатаму

Bank of America одлучи да додели одреден број акции на компанијата буквално на секој вработен. Во обид да добие предност „во битката за таленти“ ќе „подели“ над милијарда долари. Bank of America кон средината на минатата година го нарече „инвестиција“ зголемувањето на минималната плата на 25 долари на час.

Во писмото објавено од Си-Ен-Ен, извршниот директор Брајан Мојнихан рече дека банката за прв пат започнува програма за наградување со акциите што ги добиваат вработените од пониско ниво и заработуваат до 100.000 долари годишно. Во минатото овие вработени добиваа еднократен паричен бонус.

Bank of America соопшти дека проценетата вредност на наградите за акциите е „многу пати поголема“ од паричните бонуси што банката ги дистрибуираше во минатото. Минатата година, Bank of America даде 750 американски долари парични бонуси на послабо платените вработени.

Според нив, ова ќе покрие приближно 97% од нејзината глобална база на вработени, но не и оние кои заработуваат повеќе од 500.000 долари годишно.

Што ќе добие од тоа? Компанијата всушност се „обложува“ дека некои вработени нема да сакаат да дадат отказ доколку тоа значи оставање акции од илјадници долари на маса.

Компаниите, вклучително и банките, се борат со високите нивоа на флуктуации вработените. Според владините статистики, рекордни 4,5 милиони Американци поднеле оставки во ноември.