Два EX-YU аеродроми во топ 100 најпрометни во Европа

218

Два аеродроми во поранешна Југославија се меѓу 100-те најпрометни на континентот, според Меѓународниот европски совет за аеродроми (АЦИ).

Со вкупно 3.285.295 патници, белградскиот аеродром се најде на 71. место пред Единбург, Краков, Малта, Минск и Рига, но веднаш зад Венеција и Софија.

Од друга страна, приштинскиот аеродром за првпат влезе во топ 100, позиционирајќи се како 88-ми најфреквентен со 2.176.036 патници. Тој беше пред Глазгов, Рејкјавик и Вилнус. Се очекува оваа година белградскиот аеродром да го достигне нивото на капацитет пред пандемијата, а голема е веројатноста тој во Приштина да забележи најголема сообраќајна активност досега и да ги надмине резултатите пред Ковид, пишува специјализираниот портал EX-YU Aviation News.

Инаку, аеродромот во Сплит, како трет најфреквентен аеродром во поранешна Југославија, го зазеде 103. Следува Загреб, кој се најде на 112. место, а Скопје на 113. место. Дубровник беше 129-ти најфреквентен аеродром во Европа, додека Сараево беше 132-ри.

Љубљана, која во 2021 година испадна од првите десет најпрометни во поранешна Југославија, беше 154-ти најфреквентен аеродром во Европа.

Инаку, вкупно аеродромите во поранешна Југославија во 2021 година опслужија нешто повеќе од 14,8 милиони патници, што е зголемување за 97,3% во однос на претходната година, но сепак за 49,7% помалку во однос на претпандемиската 2019. година.

Фото: Pixabay