Хрватската прехранбена индустрија Виндија во петок ќе отвори нов погон за производство на месни преработки во Пландиште, Србија, во кој се инвестирани 2,6 милиони долари, најавија од компанијата, јавува Танјуг.
Во погонот ќе се отворат 50 нови работни места, а оваа инвестиција значително ќе го зајакне потенцијалот на Виндија за извоз на високофинални производи во земјите во регионот и Европската унија.
Виндија во Србија е присутна од мај 2009 година, а производството ги задоволува највисоките стандарди на ЕУ. Виндија во Србија има инвестирано преку 34 милиони евра, а во системот се наоѓаат фармите за товење, фабриката за сточна храна УНИП во Ваљево и индустријата за месо во Пландиште, како и три дистрибутивни центри во кои се вработени 330 работници.