Државниот инспектор на Хрватска соопшти дека поради присуство на пестициди, сладолед од нане-чоколадо во пакување од два ипол литри од француски производител, чија трговија на големо во таа земја ја врши малопродажниот синџир Metro Cash & Carry, се повлекува од пазарот.
Според Државниот инспекторат, производот не е во согласност со Регулативата на Европската унија за максимални нивоа на остатоци од пестициди во или на храната и добиточната храна од растително и животинско потекло, пренесе Танјуг.
Производител на сладолед е француската компанија Froneri, која се наоѓа во департманот Жиронда на југозападот на Франција.